Пинг-понг
Петтиот меѓународен меморијален турнир “Илија Карески – Каре”, во организација на Пингпонгарскиот клуб Младост 96, Пингпонгарската федерација на Македонија, со поддршка на Општина Прилеп е в сабота (28 февруари) и в недела (1 март) во салата на ОУ “Добре Јованоски”. Натпреварите се во повеќе категории: млади кадетки и кадети родени 2013 и подоцна, кадетки и кадети родени 2011 и подоцна, јуниорки и јуниори родени 2007 и подоцна, апсолутна, ветерани од 40 до 49 години, ветерани од 50 до 64 и ветерани над 65 години.
Паричните награди се од 25 до 120 евра, зависно од пласманот, а има и пехари, медали и дипломи.
![]()

