Утврдувањето на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема и користење на јавен простор пред деловните објекти беше тема на расправа на седницата на Совет на Прилеп. Главно се говореше за примената програмата, за стравувањата за селективен пристап во примената и за тајмингот на почетокот на имплементацијата. Програмата, технички, се разликува само во промената во насловот. Промената доаѓа поради тоа што елементите користени од угостителите, не се урбана опрема како шаторите за сонце. Така, се намалува површината на закуп од 6, на 4,5 метри. Нема да има одобренија за користење на јавна површина заградена со стакленици, паравани и сл. пред објекти кои се користат како угостителски.
Според одобренијата за годинава, угостителите ќе се прилагодуваат на просторните услови.
Советниците ја одложија расправата за утврдување на надомест на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња и за упатството за начинот и правилата на утврдување и исплата.
Советниците именуваа члениви во надзорните одбори на ЈП Водовод и канализација и во ЈП Енергоприлеп. Гласаа за членови во управните одбори на ЈП ПУП, ЈСП Прилеп, ЈП Комуналец Прилеп, ЈОУДГ ,Наша Иднина Прилеп и на ЈП Енергоприлеп.
![]()

