Каранфилчето е чудо

Пијте вода од каранфилче 30 дена и ќе почувствувате 8 неверојатни промени. Тоа е чудо од природата.

Каранфилчето  не е само зачин за арома на јадењата или празничните слатки. Тоа е древен лек познат по своите моќни здравствени придобивки. Од традиционалната медицина во Индија и Кина до современите истражувања, малото, темно зрно-цвет е ценето поради антиоксидантните, антибактериските и антиинфламаторните својства.

Само една чаша вода од каранфилче дневно 30 дена може да направи чуда за вашето тело и ум. Овој едноставен пијалак може да го промени животот.

Состојки, 5-7 цели зрна каранфилче или лажичка мелено каранфилче, по желба и 250 мл вода. Може малку мед или лимон за вкус. Се ставаат зрната во чаша или мал сад. Се преливаат со 250 мл врела вода. Се остава да отстои 10-15 минути. Се цеди водата да се отстранат зрната. Се додаваат малку мед или неколку капки лимон да се збогати вкусот. Се пие наутро на празен стомак за најдобри резултати. Најдобро е да се консумира еднаш дневно. Тоа му овозможува на телото да ги апсорбира активните состојки, особено евгенолот, главната компонента што е најефикасна. Рутината се продолжува 30 дена.

Може да се очекува јакнење на имунитетот, оти антиоксидантите го штитат телото од слободни радикали. Се подобрува варењето и се стимулира лачење на дигестивни ензими. Се овозможува свеж здив, бидејќи антибактериските својства ги елиминираат бактериите во устата. Се намалува болката, оти делува како природен аналгетик. Се регулира шеќерот во крвта и се стабилизира гликозата. Ги чисти токсините и го намалува воспалението на кожата. Дава повеќе енергија со подобрена циркулација и оксигенација. Делува благо смирувачки на нервниот систем.

Според експертите и традиционалната употреба, безбедната дневна доза е околу 5-10 зрна или 1-2 грама мелено каранфилче. Оваа количина е доволна за здравствените придобивки без ризик од несакани ефекти.

За вода од каранфилче, препорачаната доза од 5-7 зрна во 250 мл вода е во рамките на безбедната граница.

Прекумерната консумација може да предизвика иритација на желудникот, гадење, повраќање или чувство на печење, алергии, осип, чешање или отежнато дишење кај чувствителни лица и проблеми со згрутчувањето на крвта. Во екстремни случаи, прекумерната доза може да го оштети црниот дроб или бубрезите.     

Loading