Гран при за „Веселата фарма“ од ОУ “Добре Јованоски”

Карневал Прочка

По 25 пат се одржа карневалот Прочка, кој во убава, ведра атсмофера понуди инстересни маски и забава. Традиционално беа доделени и награди за најдобрите маски. Гран при наградата ја освои групната маска “ Весела фарма” од ОУ “Добре Јованоски”. Во детската конкуренција, првото место го освои маската “Од цветот на знаењето се раѓа медот на успехот” од ОУ “Кочо Рацин”, второто “Шах-мат” од ОУ “Рампо Левката”, а третото “Јинг Јанг” од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”.

Во категоријата возрасни групни маски, најдобра беше “Пепелашка на карневал’ од танцовото студио Зодијак, пред “Прилепска златна кралица” од СОУ “Ѓорче Петров” и “Врховниот совет на смарагдите” од Здружението за развој и едукација.

Кај поединечните маски, наградата за детска маска ја доби “Готик грл” од Мидеа, додека кај возрасните најдобра беше “Пуџелстар” од Мила Спиркоска.

Loading