Кошарка
Викендов е третото коло од плејофот, од фазата во која се најдобрите осум тима на Првата лига на Македонија во кошарка за мажи. Во Прилеп, во ОУ “Добре Јованоски” домашниот Мега баскет игра со Струмица, петтиот против вториот на табелата. Дуелот е в недела од 20 часот, толку доцна оти претходно во салата има пингпонгарски турнир. Мега баскет има задача да се бори за триумф, да ја прекине серијата порази, дома од скопски Бутел и на гости од Соколи во Штип. Последниов пораз е висок, 91:66.
Табела: Бутел, Струмица, Соколи и Борец по 13, Мега баскет и Вардар по 12, Водно санс и Охрид по 10.
![]()

