“Бог на колежот” на МНТ во големата сала

Утревечер и в недела од 20 часот во големата сала на ЦК “Марко Цепенков” ќе може да се гледа претставата “Бог на колежот” од МНТ, според мотивите на Јасмина Реза, во адаптација и режија на Весна Петрушевска. Ќе играат, Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Благој Веселинов и Наталија Теодосиева.

Претставата е  моќно истражување на човечката природа, откривајќи ги комплексноста на односите и несигурната рамнотежа меѓу учтивоста и хаосот.  Ангажираната структрура на претставата нуди брзо размислување на публиката, потсетник за општествените норми, среќното детство и сурова комплексност на човечката природа. Излог кој се крши во милион парчиња, наспроти лажниот морал и вечноста на суетата која без грешка сигурно води во пропаст.             

Во претставата публиката е учесник во арената.

Влезниците се продаваат на билетарницата од Центарот.

Loading