Комплотот меѓу медиокритетите и интелектуалната бижутерија мора да се разруши засекогаш!
*
Кога други го узурпирале твојот дом ќе станеш кираџија во сопствената куќа.
*
Туморот на корупцијата се заканува да постане канцер.
*
Не прави зло кога не можеш добро!
*
Кога нема безбедност на земјата доаѓа времето кога ќе ја нема ниту во воздухот.
*
Повеќе не сме во морето од долгови. Сега сме во океанот…
*
Гледаше низ прсти, а сега низ решетки.
Д-р Хаџи-Васков
![]()

