Смртоносен ќеф се белиот леб и тестенините

Диететичарите велат дека секојдневното консумирање на бел леб може да доведе до отпорност на инсулин, дијабетес и дебелина. Брашното од кое се прави белиот леб функционира во човечкото тело како и шеќерот.

Белото брашно со вода и квасец во лебот во суштина се шеќер, а не леб. Кога се јаде, нивото на гликоза расте и некое време се чувствува наплив на енергија. Потоа нагло се појавуваат замор и раздразливост. Ова може да доведе до отпорност на инсулин, дијабетес и ненадејно зголемување на телесната тежина, што потоа тешко може да се коригира.

Затоа подобро е да не се злоупотребува телото со белиот леб. Понекогаш може да се јаде едно парче, но тоа десерт, а не е прехранбен производ. Најдобро е да се јаде интегрален леб, оти содржи повеќе корисни витамини, микро и макронутриенти. Освен тоа, интегралниот леб содржи добри влакна за желудникот и неопходни витамини од групата Б.

Loading