Рим – вечниот град 

Рим или “вечниот град”, како што го викаат е престолнина на Италија. Го посетуваат милиони туристи, кои сакаат да го разгледаат, да ја почуствуваат неговата историја, да вкусат пица, сладолед. Најубаво е да се згледа пеш. Може и со водич. Доколку се чувствувате подготвени, може да се шета самостојно. Со водич, турата трае четири часа со мали паузи.

Старот е од пред Ватикан, за каде е потрбна онлај влезници да се ужива во светското културно наследство на УНЕСКО. Ватикан  официјално е држава од 1929 година. Таа е посебна територија под “јурисдикција на Светата столица, со сувенрен ентитет”. Се протега на 50 хектари. Живаеат околу 800 луѓе. Управува Папата. Датира од раното христијанство и е главно епископско седиште на католичката црква. Најпривлечна е Сикстинската капела, Ватиканската апостолска библиотека и музеите. Се ужива во уникатните скулптури и слики. Атракција е базиликата Свети Петар. Тоа е грандиозно, импозантно здание и една од четирите папски базилики од Рим. Соборен објект, посветена на апостол Петар. Собира преку 60.000 посетители.

Се смета за едно од најсветите места во светот. Тука е погребан Свети Петар, првиот епископ на Рим, подоцна папа. Првата градба била од 4 век, а денешниот изглед е од 16 век. Базиликата е место на поклонение за бројни верници и туристи. Нема да почуствувате кога ви минало времето додека шетате низ базиликата и ја разгледувате нејзината внатрешност. Ќе излезете воодушевени, а посетата ќе ви остане во сеќавање. Во продолжение е еден од мостовите на реката Тибар. Патот “ носи” до повеќе населби со бројни барокни цркви. Оттука се стигнува до плоштадот Навона. Интересен е со Берниевата фонтана со четири реки. Блеска во полн сјај, по реконструкцијата на фонтаната. Тука главно се овековечува рестојот во Рим.

Подолу е Пантеонот. Тоа е сочувана античка градба со купола од 43 метри. Иста е и во широчина. Извонредно здание за кое не е потребна влезница. За мал одмор се препорачуваат многуте кафулиња, ресторани, џелатерници. Може да се вкуси пица, сладолед… , да се купи некој сувенир. Низ тесните улички се стасува до главната, и се стигнува до фонтаната Ди Треви. Тука е метеж. Градските власти планираат слегувањето до фонтаната, заради, како што велат, поголема заштита и наплата. Од страна може да се види бесплатно и да се фрли паричка за среќа. Погоре се шпанските скали, каде сега е забрането седење. Оттука патот води за националниот споменик Викторио Емануел втори, граден во мермер со скали, столбови, голема скулптура на коњ и две на божици во чест на првиот крал на обединета Италија во 19 век.

Се наоѓа меѓу Пјаца Венеција и ридот Капитол. Тука е и гробот на незнајниот јунак, каде гори вечниот оган. Оттука се оди за Римскиот форум, средиштето на античкиот живот на Рим. Подолу е Колесиумот, најголем во светот, граден од царот Флавиј во 72 г. п.н.е. По него го добил името Флавиев амфитеатар. Во овој врвен дострел на римската архитектура, се одржувале гладијаторски борби, а сега како едно од седумте светски чуда е објект за посета и враќање назад во историјата.

Рим остава силен впечаток со бројните објекти, мостови, катакомби, скулптури, фонтани, статуи. И не за џабе го нарекле “вечен град” за следна средба.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading