ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (324) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Јолески Благоја, првото дете на родителите Божин и мајка му Доста кој фамилијарно се дели во 1958 година на денот Петковден на триесет годишна старост со своето членство, сопругата Илинка Јонческа од Боротино и четири годишната Тодорка. Благоја е со завршено основно четири годишно училиште од 1935 – 1939 г. во с. Подмол. Благоја е весел човек и ораџија како дедо му Јоле кој водел едно оро и до саат време.

Василичарите весело пречекани, малите деца прават цив пиле и со викање за суро, додека возрасните се веселат со песни, ора и топла ракија. Благоја од денот Петковден во 1958 година се дели физички од своите родители, братот и сестра му и постана нов домаќин со неговото семејно членство, трајно и го намножи селото за една куќа повеќе. Благоја со домаќинката Илинка наместо василичарите да ги послужат традиционално со василичини колбаси, месиле повеќе тепции мазник, внатре со урда – изварка исечени во помали еднакви парчиња. Делач на мазникот е Бабјак Банчо, зет на Благоја за прва брачеда од тетка, на мајка му сестра.

Делачот Ванчо стој понастрана, сите врват, си зема парче мазник и заминуват за соседната куќа кај Димитријовци. Домаќинлакот од брачниот пар доби пофалба за квалитетот на мазникот и благодарност, им дошло како појадок, некој зема по две парчиња мазник поради дома не поткаснале.

Василичарите кај Димитријовци пречекани весело од домаќинот Милан, почестени со топол напиток. Додека децата во пампурот кршат жарје и гласно викат суро, свирачите свират, се менуват песни и ора.

Во ќошот на трпезата седат домаќинот Јован и зето Здравески Крстев Трајан од Штавица, за сестра  му Таса, од мајка Вида Јанкоска Марулчанка. Делачот на василичарските подароци, колбасите Колески Ванчо ја зеде тепасијата, излезе надвор во предсобјето, децата по него почна да им дели колбавчиња. Сите кои добиват колбавче ја напушат Димитријоската куќа и заминуват преку река во Западно Маало кај Мурџески Мите Милан, неговото дете Гоце му го пушти на Јанкоски Атанас во дружба со братчето Славе и Велјаноски Слободан.

Кај Мурџески Мите, василичарите беа пречекани спрема неговите можности со разболена сопруга Милица родена Николоска од с. Ерековци и старата му мајка Стојана Мачороска од с. Штавица. Василичарите за кратко време ги завршија сите адети. Јолески Благоја делачот на василичарските подароци наместо колобаси делеше булина на чардак, секој кој земаше буле и заминуваше во соседната куќа кај брато на Мите, Мурџески Степан.

Василичарите кај Степан примени домаќински почестени со пијалок, топла ракија и црвено вино со кобал. Малите деца направија цив пиле и гласно викање за суро. Музиката е активна со песни и ора. Делач на василичиниот подарок од страна на домаќините е нивниот крштеник Јованоски Трајче Јанкоски. Само што се појави Трајче, се стрча сите деца на чардакот во ред, добива колбавче и заминува во соседната куќа кај Мурџески Јован, татко на тапанџијата Петре.

Кај Мурџески Јован, василичарите беа пречекани од постариот негов син Атанас и почестени со два различни пијалоци со топла шеќеросана комова ракија и црвено машко вино. Децата си е знат нивната рабита, го отворија пампурот и со стапчината мават по жарјето, се слуша радосен дечки весел глас со викање за денот суро.

Музиката активна, душемето се треси од тупаците на ситните ора. Се појави и делачот на василичините подароци колбаси Котески Киро Јошески со едно Атанасов врсник и школски другарво подмолското училиште. Ќиро застана на чардакот, им дели колбавче, кој што зема колбавче заминува во соседната куќа кај брато на Јован, кај Мурџески Цветан.

Василичарите кај Цветан беа пречекани и почестени со жесток пијалок од страна на Ванчо, постариот син на Цветан. Децата право кај пампурот направија цив пиле и викат галсно за суро. Поред василичарите кај Цветан беа два зетови Цане Сиве од с. Добрушево и Глигур Максим од с. Шелеврци, познати во Марул од порано. Цане јаи ма Сребра, а Глигур Драгица, Цветанови ќерки. Куќата весела со ора и песни и зетовите се двата музиканти гајдаџи. Нацко поради не е поред нив, тие го критикува, сакале ги послужува. Нацко во шега им одговори, Нацко рече како да ве служам кога ми дадовте подарок чевли за сестра ми, му дадовте опинци гумени пиратски. Цане рече, во Марул такви треба ѓонени се за на корзо. Да беше порано ќе добиеше свински кожни опинци викани селски опинци со се косата како ежови да носишна нозете, тогаш се слушна голема смеа и викотница во куќата.

Се појави и делачот на василичиниот подарок Богданоски Драган со една бронзена тепсија со колбаси. Драган излезе надвор на чардакот, децата по него добиват парче колбавче и заминуват во соседната куќа кај Колески Веле. Николовци (Галабовци) беа изоставени поради пред две години на Василица се направи еден непријатен настан. На малиот шестогодишен Николоски Коле си беше василичарче со своите другарчиња, никој не му замери Коле си е мало дете си ги гледа неговите секој дневно другарчиња.

Коолевци во секој поглед се прикажани како чесни домаќини, па и сега Василичарите беа пречекани домаќински, почестени со жесток пијалок. Децата во пампурот кршат жарје со стапчињата, гласно викат за денот суро. Играорците ја пратат музиката со ора и песни, весела куќата. Делачот на василичарскиот подарок Димитрија Бајак Колески потомок по мајка му Трајана излезе надвор со тепсијата колбаси, се поткачи на каменовото летно одморалиште, дели колбавчиња, прво децата земат и заминуват во соседната куќа кај Колески Ќире. Велевци Колевци има гости два зетови Јованоски Димитрија Курела, марулец зет за Илина, сестра на Веле и Мише Вешерески од с. Ношпал, момчето на Најденка, ќерка на Веле Колески. Ванчо престана да шета, зафатен со гостите, децатанегови Славе, Круме и Коле ги предаде на неговиот брат Цветан за понатамошно шетање.

Кај Киревци, василичарите примени од младиот домаќин Благоја Бале вреден домаќин во сите потребни куќни работи. Василичарите, стар ии млади , пречекани в село и почестени со пијалок. Децата го отвиорија пампурот со стапчињаат буричкат, кршат јагленови жарје, искри скокат , тоа е нивно право и весело вика суро. 

Продолжува

Loading