“Црнила” на сцената ид МНТ во Скопје

Ансамблот на театарот, со претставата “Црнила” од Коле Чашуле,  во режија на Дејан Пројковски, гостува во МНТ во Скопје. Текстот е психолошко-политичка драма, која ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговори и идеолошка дисциплина.

– Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо херојство, се разоткрива човечката слабост, но и она што останува од него кога идеологијата ќе го проголта. Вистинските “црнила” не се историски, туку антрополошки. Се јавуваат таму каде човекот ја губи способноста за сопствено мислење и морален избор – велат во најавата за претставата од МНТ.

Играат Сара Спиркоска, Бобан Алексоски, Катерија Чакмакоска-Клинческа, Александар Степанулески, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски,  Илија Волчески и децата  Иво Ачански, Ангелина Тодеска, Давид Кочоски, Ива Малинческа.

Loading