Кај стариот хотел Скопје
Безбедна пешачка зона добива градот кај стариот хотел Скопје и пред Участокот. Почнува уредување на просторот кој ќе биде забранет за возила. Механизацијата го отстранува стариот слој на асфалт и се подготвува теренот за поплочување и урбано уредување.
Градоначалникот Дејан Проданоски вели дека автомобилските узурпатори го предаваат просторот на пешаците најдоцна за пет месеци. Предвиден е поплочуување со сета подземна инфраструктура, поставување на дваесетина клупи, обновување на зеленилото, корпи за отпадоци, декоративни елементи и уредување на постојните парковски делови.
– Ќе се реконструира и партерно ќе се уредуваат околу 2100 м2, што е продолжение од плоштадот “Методија Андонов – Ченто”. Се оплеменува, една целина, истите шари, што завршува со улицата. Ќе се поставува нова урбана опрема. Проектот го изведува фирмата Карпа. Ќе чини 16,3 милиони денари – конкретизира Проданоски.
Просторот зад Участакот треба да се доуреди и за комплетна целина,
Тој спомна дека се проектирани одредени средства за одржување и за уредување на старата градска чаршија.
– Да не се очекува сериозен зафат на старата градска чаршија. Финишира проектот за реконструкција на подземниот слрој со комплетна промена на подземната инфраструктура, водовод, канализација, електрични водови и водови за телекомуникации. Следна фаза ќе бидат разговори со Заводот и музеј за понатамошниот тек на реконструкцијата на чаршијата и нејзиното враќање на автентичниот изглед. Верувам дека за ова ќе имаме пристап до европските фондови – рече Проданоски.
Паралелно интензивно се работи и на кружниот тек на мостот Табана.
Привршуваат подземните работи на статиката. Наскоро ќе се почне со градбата на површинскиот објект од мостот.
![]()

