На 28 февруари и на први март во ЦК “Марко Цепенков” ќе биде изведена претставата “Богот на колежот” по мотивите на “Год оф Царнаге” на Јасмина Реза, во адаптација и режија на Весна Петрушевска на МНТ Скопје. Играат Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Благој Веселинов, Наталија Теодосиева и од актерската школа “Весна Петрушевска”.
Влезниците, по цена од 300 денари, веќе се пуштени во продажба од денеска на билетарницата од ЦК и ќе се продаваат секој работен ден од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот и во сабота од 11 до 14 часот, како и еден час пред почетокот на претставата.
“Богот на колежот” служи како моќно истражување на човечката природа, откривајќи ги комплексноста на односите и несигурната рамнотежа меѓу учтивоста и хаосот. Претставата нуди брзо размислување, потсетник за општествените норми, среќното детство и суровата комплексност на човечката природа и дава можност да се погледнеме кои сме макар на 90 минути за време кога публиката е учесник во арената.
![]()

