Отчет на градоначалникот Дејан Проданоски
Градоначалникот Дејан Проданоски поднесе извештај за сработеното во првите сто дена од мандатот. Според него, сто дена можеби изгледаат како краток временски период, но времето е исполнето со интензивна работа, одлуки, соочување со предизвиците и поставување темели за идниот развој. Тој нагласи дека функцијата градоначалник не е само административна, туку обврска, одговорност и чест.

– Особено да се работи чесно и домаќински. Одговорно да се носат храбри и понекогаш тешки одлуки, но и голема чест да се служи на градот што сите го сакаме. Знаев за сериозните предизвици, финансиски, организациски и инфраструктурни. Но, Прилеп има потенцијал, вредни луѓе, традиција и сила да оди напред. Првин се стабилизира локалната власт, се воспостави ред и функционалност, се подобруваат комуналните услуги и јавната хигиена и се отвори општината за граѓаните – истакна Проданоски.
Посебно се осврна на инфраструктурните проекти за менување на изгледот и функционалноста на градот.
– Нема декларативни заложби, туку конкретни бројки, проекти, инвестиции и резултати. Проектиран е нов, поголем и развоен буџет. Зголемени се средствата за културата, спортот и физичката култура или 24,9 милиони денари, од кои 12 милиони за спортски клубови, 500 илијади за стипендии за млади талентирани спортисти, 3 милиони за реконструкција на спортски игралишта, 11 милиони за културни манифестации… – кажа Проданоски.
Годинешниот буџет “тежи” повеќе за да се финансира повеќе основното и средното образование, социјалната заштита на децата и старита лица, градската библиотека, за противпожарната заштита 65,1 милиони денари. Вкупно буџетот е 2,4 милијарди денари, насочени за подобар квалитет на живот и конкретни проекти за граѓаните. Капиталните расходи ќе го зајакнат локалниот бизнис-сектор со приближно 12 милиони евра. Тоа е силен импулс за развој на локалната економија.
– За унапредување и ефикасно управување со институциите, извршени се кадровски промени со професионален пристап за јакнење на стручноста, стабилноста и транспарнтноста. Реструктуирани дел од ЈП. Новите менаџерски тимови ќе придонесат кон позитивни промени во интерес на институциите и на граѓаните – образложи Проданоски.
Се очекува измена и дополнување на генералниот урбанистички план со директни придобивки за граѓаните и бизнис-заедницата, за подобрување на инфраструктурата, нови можности за инвестиции и поквалитетен урбан живот.
– Измените ќе донесат подобра инфраструктура, планирање на нови улици, паркинзи, велосипедски патеки и подобар јавен превоз. Па и зелени површини и рекреација, проширување на паркови, детски игралишта и спортски терени, поголема безбедност, стандарди за градба и урбанистичко уредување, што ги намалуваат ризиците од хаотична градба, Или, подобро управување со просторот, намалување на сообраќајниот метеж и загадувањето. Во тој контекс е формирање нови зони за развој, дефинирање индустриски, комерцијални и деловни зони за нови фабрики, трговски центри… – најави Проданоски.
За првите сто дена извршена е реконструкција на тротоарот “Кеј 1-ви Мај”, до железничкиот мост за околу 7 милиони денари.
– Веќе е видлив проектот за кружниот тек Табана. Интензивно се работи на кружниот тек со две коловозни ленти, како и изградба на пешачка и велосипедска патека за 138 милиони денари. Ќе се растовари сообраќајот и метежот на крстосницатата, на градската артерија кон центарот Се очекува епилог во првата половина на 2026 година. Паралелно, ќе се објави јавна набавка за изработка на проектна документација за обиколницата – рече Продански.
Во овој контекс е улицата “Победа”, каде е во тек втората фаза од изградбата, односно избор на изведувач за градба на нов мост на градската река, кој ќе ги поврзе двете фази од улицата за 40 милиони денари и уште 72 милиони денари.
Градоначалникот ја изложи грижата за учениците во три месечниот мандат.
– Во ОУ “Добре Јованоски” целосно е реконструиран дотраениот објект во задниот двор. Поставена е нова дограма, нова фасада, адаптирани се простории… за 2,5 милиони денари. Во помошното училиште реконструирани се и адаптирани просториите. Една е претворена во мала фискултурна сала. Во дворот на ОУ “Рампо Левката” е направено современо игралиште за баскет со тартан-подлога и осветлување. Просторот е заживеан со деца и млади за 1,3 милиони денари. Доделени се над 6000 униформи за учениците од основните училишта – кажа во отчетот Проданоски.
Градскиот саат е срцето и духот на градот. Треба да се чува. По неколку дадена му е душа и сјај. Осветлен е вратено е ритмичкото одбројување на времето.
Проектот за регионално управување со отпадот значи помош на општините за имплементација на 100 отсто селекција на отпадот на местото на неговото создавање (домаќинствата).
– Полека се стекнуваат корисни навики за во идната да се транспортира и депонира што е можно помалку отпад во регионалната депонија. До јуни Комуналец ќе добие девет нови специјални возила за транспорт на отпад оваа година – кажа Проданоски
Продолжена е еднократната помош од 6.000 денари за секое новородено дете, која лани ја добиле 374 семејства. Воведени се субвенции за првоодделенец со по 3.000 денари.
Во првите сто дена е подобрен културно-забавниот живот. За празниците е создаден атрактивен амбиент за заедничко дружење со нови музички идеи, вклученост на младите, забава и дарување.
Градоначалникот е свесен дека довербата се гради со работа, а не со зборови. Затоа, во овие сто дена е работено тивко, но посветено, системски и со визија. Не е доволно време да се решат сите проблеми таложени со години. Но сто дена се доволни да се покаже карактерот на една локална власт. Тој не го ветува неможното, туку чесна, домаќинска и одговорна работа.
– Пред нас има многу предизвици и уште многу, многу работа. Со заедничка енергија, соработка и доверба може Прилеп да се изгради каков што го заслужуваат и сегашните и идните генерации – заврши Проданоски.
![]()

