За карневалот „Прочка 2026” ќе го има првиот јавен настап, возобновениот Прилепски дувачки оркестар составен од 14 академски образовани млади музичари. По пауза од една деценија, со логистичка и финансиска поддршка од Општината, оркестарот кој беше симбол на едно време, повторно со звуците ќе го разгалува градот и ќе им дава освежен тон на настаните и манифестации во Прилеп.

– Задоволството е што по десетгодишен прекин, Градскиот дувачки оркестар повторно е активен и ќе биде составен од млади, професионални и талентирани музичари од Прилеп, кои ја продолжуваат традиција подолга од еден век – вели градоначалникот Дејан Проданоски.

Првата проба беше возбудлива и за учесниците во возобновениот оркестар кои ќе настапуваат на свечености и културни манифестации.
![]()

