Пинг-понг
Петтиот меѓународен меморијален турнир “Илија Карески – Каре”, во организација на ППК “Младост 96”, ПФМ, поддржан од Општина Прилеп е на 28 февруари и 1 март во салата на ОУ “Добре Јованоски”. Пријавувањето е во категириите: млади кадетки и кадети родени 2013 и подоцна, кадетки и кадети родени 2011 и подоцна, јуниорки и јуниори родени 2007 и подоцна, апсолутна, ветерани од 40 до 49 години, ветерани од 50 до 64 и ветерани над 65 години.
Котизацијата за учество е: 10 евра (600 денари) за кадети, јуниори и ветерани, а 15 евра (900 денари) за апсолутна категорија. Покрај пехари, недали и дипломи, наградите се: 120 евра за победникот во апсолутна мажи, 80 за вториот, 50 за третиот, по 25 од четвртиот до осмиот, а кај апсолутната за жени – 60 за првата, 40 за втората, по 25 за третата и четвртата.
Пријавувањето е до 26 февруари.
![]()

