Палермо
Палермо е главен град на Сицилија. Со 700. 000 жители е петтиот најнаселен град во Италија. Изобилува со богата историја, култура и традиција. Ако имате шанса, посетете го и нема да згрешите. Па и во февруари се чуствува медитеранската клима, и температури од 10 до 15 степени, погодни за разглед.

Ако се стаса навечер, пожелно е да се раздвижат нозете. И прошетката донесе средба со Македонката Лариса Бошкоска, Таа таму живее и работи. Ја привлекува фасцинантниот град со различни култури..
Центарот на Сицилија се биди во сонце, погодно за откривање на арапско – нормандска архитектура, со барокни цркви, објекти.

Сицилијанскиот шарм освојува на секоја средба со градот. И секој нов контакт плени повеќе и повеќе. Градот напредува инфраструктурно, разубавен е со пешачки зони… Анимираат и новиот плоштад Гарибалди и театарот Политлама. На среде е високо издигнат големиот паметник посветен на Гарибалди, а театарот е историски сведок на некои минати времиња. Блиску е улицата со театарот Масимо. Ова е најголемата оперска куќа во Италија и трета во Европа, отворена 1897 година. Задоволство е да се влезе и да се прошета. Не е скапо. Чини 12 евра да се создадат воздишки од велелепниот храм на културата и уметноста. По главната пешачка улица се стигнува до фонтаната Преторија или, како што се вика, срамната фонтана, бидејќи скулптурите се голи, донесена од Фиренца во 16 век. Ја купил Сенатот на Палермо. Додека се пренесувала била расклопена на 644 делови. Некои од деловите не стигнале до Палермо. Градските власти ја оградиле, бидејќи се реконструира, заедно со околниот просторот околу. Тука е и катедралата Вознесение на Пресвета Богородица, градена врз стара црква. Таа е импозантна, исплетена се елементи на готиката, ренесансни и арапско-нормански стилови. Ремек дело, кое вреди да се проучи. Пеш се стасува со триумфалната Порта Нуова. Тоа е раскошна градба, низ која прв минал царот Карло петти, Хабсбуршки. Источно се остатоците од старите ѕидини кои некогаш го обезбедувале градот. Пожелно е да се види и Палатата Нормани, кралска палата, изградена врз арапаски објект од 9 век. Пленат поврзаните аркади и паркови, уредените кралски соби, со впечатилив ентериер Внатре е капелата Палатини со прекрасните мозаици. Тука е уредениот градски парламент, каде заседаваат парламентарците.

Со малку време плус, може да се види и Ботаничката градина, која личи на природен рај со стари и ретки растенија и зачувани примероци на растителен свет. Нужно е дел од времето да се “потроши”, да се “проба” сицилијанскиот дух на Палермо и да се здржат спомен со неколку сувенири. Сицилијанската кујна е ралична од италијанската поради автентичните зачини и вкусови. Сепак, најмногу се конзумираат тестенините ди мандрола….
Освежувајќи се со сладоледот, џелато, привлекуваат со аромата и фантастичните колачи со различни овошја. Македонката Лариса, кажа дека на сите им го препорачува Палермо, особено да го вкусат сицилијанското вино, дали бело или црвено, не е важно, важно е да се запаметат.
Текст и фото Каролина Мицевска
![]()

