Прилеп во Битола

Ракомет

Серија тешки мечеви за Прилеп, во Супер лигата на Македонија за мажи. Прво беше 19. коло, Охрид – Прилеп  28:17. Гостите дадоа отпор, но поразот е висок. Стрелци за Прилеп: Томислав Квастек 5, Владан Кастратовиќ и Денис Шабановиќ по 3, Никола Шипинкоски и Димитар Димитриоски по 2, Пеце Рајатоски и Никола Цветаноски по 1 гол. Во средата беше дуелот дома со кавадаречки Тиквеш, а викендов е гостувањето на Еурофарм Пелистер во Битола. Екипата Прилеп дава максимум и чесно се бори за што повисок пласман во првата фаза од натпреварувањето. Крајот на основниот дел е на 21 февруари и мечот дома со Радовиш.

Женската Деспина викендов е слободна во Првата лига, а на 21 февруари е гостин на Шампион во Скопје.

Loading