Во ЦК “Марко Цепенков”
Вечерва од 18 ч. во ликовниот салон од ЦК “Марко Цепенков” ќе се одржи поетско – музичката манифестација “Љубов и вино” во креација на ЦК “Марко Цепенков” и Клубот на литературни творци – Прилеп.
– Манифестацијата стана традиција. Поетско музичката вечер, посветена на љубовта и виното, го доживува четвртото издание. Ќе думаме за љубовта, за првите бакнежи, за виното и ќе го празнуваме Св. Трифун и Св. Валентајн – Денот на вљубените – велат организаторите.
Со љубовна поезија ќе се претстават 30 поети од Клубот и творци од градот. Гостин ќе биде КУД “Преродба 2024”.
![]()

