Пауза

Кошарка

Само што почна плејофот во Првата лига на Македонија за мажи, следи пауза до 21 февруари, поради Купот, во кој прилепски Мега баскет не учествува. Следниот првенствен меч е по 8 дена, кај Соколи, во Штип.

Претходно, на стартот од плејофот, се случи изненадување, Мега баскет дома загуби од скопски бител со 99:106. Беше меч со пресврт, со спорни судиски одлуки. Прилепчани водеа во првата четвртина со 4 поени, потоа гостите имаа предност од 16. Најмногу поени кај домашните постигнаа: Владимир Враниќ 25, Александар Јовановски 17, Кристијан Домлески 14, Роберт Димитриевски 11

Табела: Струмица ФМП, Соколи, Бутел, Мега баскет, Вардар и Борец по 11, Водно санс и Охрид по 9.

Loading