Фудбал: Победа
Никој не може со сигурност да знае што ќе биде со Победа! Според соопштението од клубот, “во овој момент е со блокирана сметка и во крајно очајна финансиска ситуација, поради што сениорската екипа не е во можност да продолжи во Втората лига”.

Општината Прилеп е со големо жалење кон веста за повлекување од Втората лига… Општината се соочила со недостиг на соработка од мнозинските сопственици. Покрај тој однос, имало одлука за помош од милион денари. Реализацијата е законски оневозможена поради изборниот процес и блокираната сметка – долгови само кон УЈП од над 7 милиони денари, плус други долгови. Парите ќе завршеле во исплата на долгови, а не за клубот. При актуелната сопственичка структура, каде приватниот капитал поседува мнозинство од акциите, одговорноста за финансискиот колапс и правниот вакуум е кај сопствениците кои избрале пасивност, наместо соработка со градот. Пораката е “Победа мора да продолжи на здрави основи, со чиста сметка и транспарентно управување”.
По соопштенијата од ФК Победа и од Општината Прилеп, се јавија приврзаници на клубот, претставувајќи се како моќни со заедничка борба да ја спасат сениорската екипа да го доврши првенството. Во прилог е тоа што уште до ФФМ немало стигнато никакво клупско известување.
Во врска со играчкиот кадар се смета на слободните играчи, кои имаат право на регистрација и по преодниот рок, завршен во средата.
![]()

