Карневалот Прочка ќе се одржи од 20 до 23 февруари. Стартот е на 20 февруари /петок/ од 12 часот со традиционалната изложба на рачно изработени и современи маски (сурати), во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”. Ќе бидат доделени наградите и признанијата за најуспешните маски. Годинава се враќа детскиот карневал в сабота на 21 февруари. Напладне на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” ќе се претстават детските маски, а дефилето ќе тргне од ОУ “Кочо Рацин”.
Традиционално карневалот Прочка ќе се одржи на 22 февруари од 13 часот. Предвидени се дефиле на маски и настапи на жонглери, кловнови, акробати и куклари.
Круна на Прочка, верскиот празник Велики поклади, ќе биде завршницата на 23 февруари со одбележување на чист понеделник и заеднички ручек на учесниците и Здружението “Прилепски мечкари” на манастирот Св. Ѓорѓија.
![]()

