Нов директор на ЈКП Комуналец
Дипломираниот економист Љубиша Јованоски е нов директор на ЈКП, Комуналец. Тој доаѓа на местото од досегашниот прв човек, Рубин Абрашоски.
Локалната самоуправа го објасни именувањето како јасна цел за внесување позитивни промени, унапредување на ефикасноста во работењето во Комуналец во насока на подобрување на услугите за граѓаните. Локалната власт очекува одговорно, транспарентно и посветено управување во интерес на сите прилепчани.
![]()

