Музичкиот педагог Илија Јанчулески – Јанчуле (1938 – 2015), кој со неговите многубројни дела остави длабоки траги во културно – уметничкиот живот на градов, беше диригентската палка на градскиот дувачки оркестар.
Животот го посвети на музиката, работејќи како музички педагог од 1958/59 година до крајот на 2001 година, кога се пензионира во ОМУ “Ордан Михајлоски – Оцка”. Наставник по музика беше и во основни и во средни училишта. Во 1995 година стана член и стручен соработник на “Октет Прилеп”, како и на многу други музички групи кои учествуваа на културно-уметничките манифестации. Препознатлив беше со Го формира Градскиот црковен хор. Одикуван беш со награди, признанија, дипломи, благодарници. За значајниот придонес во културно – уметничкиот живот, градот му се оддолжи, доделувајќи му ја третоноемвриската награда во 2008 година.
![]()

