Ем краделе, ем се бунеле

Двајца браќа од Прилеп завршија во полицијата откако полицајците откриле украдени предмети во автомобил во село Сенокос Долнени, Осомничените дури биле дрски со обид за попречување на службени дејствија.

Според СВР Битола, полициски службеници од Ропотово го привеле 34-годишниот Х.К. од Прилеп. При контрола на неговото патничко возило биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражба во живинарска фарма во селото Долнени, случај што било пријавено во полиција. Инцидентот добил дополнителна димензија кога подоцна бил приведен и братот, 32-годишниот Б.К. Тој, на улицата “Орде Чопела” застанал пред полициско возило во обид да го спречи спроведувањето на приведениот до полицијата во Прилеп, пришто се однесувал агресивно кон службениците кои извршувале службени задачи.

Loading