Не сакам да имам право само на вашето мислење.
*
Ги навлече царските чевли, но не стана цар.
*
После многу години и слугата Јепнеј престана да ја бара правдината.
*
Колку дневни се и древните закони?
*
Никако да наидеме излез од корупцијата, некој постојано ни го затрупува.
*
Светлината не се дава за квечерината.
*
Нема отворено општество за оние кои затвораат очи.
Д-р Хаџи-Васков
![]()

