Продукциска куќа специјализирана за фотографија, видео продукција и креативни, вештачка интелигенција (ВИ), визуелни проекти Фан продукција Зоран Пилата последниве месеци ја промовира екплоатацијата на новите креативни технологии, со фокус на културното наследство и документарната уметност. Така е создаден Проектот “Оживеани спомени: Прилеп низ времето”. Тој е дел од визијата на продукцијата да ја зачува локалната историја и културното наследство во современа дигитална форма, достапна за новите генерации. Креирана е содржина што ги поврзуваат минатото и сегашноста, емоцијата и технологијата. Излегува на виделина фотографијата како парче светлина заробено во минатото.

Носителот, Зоран Пилоски, со 30 годишно искуство е пионер во македонските граници што експериментира во обидот да се оживеат спомените на градот низ времето. Вели дека тоа е аманет да се продолжи традицијата.
Прилеп, со својата историја, традиција и специфичен дух, отсекогаш бил град што знае да раскажува приказни. Од калдрмите во старите маала, преку плоштадот што со години бил центар на животот, до погледите кон Марковите Кули што стојат како чувари над градот. Сето тоа носи своја приказна.
Благодарение на современата технологија овие приказни добиваат нова форма. Статичните фотографии се трансформираат во движечки слики, лицата повторно трепкаат, погледите се враќаат кон нас, а минатото се доближува до сегашноста како никогаш досегаремето.
Според Пилоски, не е едноставно и само користење на вештини од информатичка технологија да се врати времето.
– Сакав да истражувам. Прибирам материјали, стари фотографии од архиви, музеи, приватни колекции и граѓани. Тие се дигитализираат и се реставрираат, се прави категоризација по периоди, локации и теми (улици, луѓе, настани, архитектура) и со ВИ се обработуваат и се оживувааат до подвижни слики, видео записи. ВИ ја подобрува резолуцијата и реставрацијата. Прави анимации на лицата и сцените (движење на очи, изрази, облаци, луѓе, улици). Ги колоризира црно-белите фотографии со корекција на боите до финалниот визуелен стил. Од нарацијата се прави монтажа на анимираните фотографии во документарен видео формат, на кој може да се додаде музика, звучни ефекти и автентични архивски звуци. На крајот, се монтира авторски текст и нарација на македонски или англиски или се прави титлување, графика и логотип на продукцијата. Финалната верзија е за ТВ, за социјалните мрежи и за изложби – вели Пилоски.
Старите фотографии не се само слики на хартија. Тие се замрзнати мигови, погледи кон едно друго време, тивки сведоци на животот што поминал. Во нив се улиците што ги нема, луѓето што оставиле трага, моментите што ја создале душата на градот.
Според Пилоски, оживувањето на старите фотографии не е само техничка иновација. Тоа е обид да се сочува колективната меморија, да се доближат младите генерации до историјата на својот град и да се покаже дека зад секоја слика стои човечка судбина, приказна, љубов, работа и борба. Видео проектот на Пилоски е омаж за Прилеп и неговите луѓе. За оние што го граделе градот, за оние што го живееле секојдневието со надеж и достоинство, и за оние што денес го гледаат Прилеп како наследство што треба да се зачува и раскаже и да не се заборави тоа е тука, оживеано, движејќи се пред нашите очи.
Прилеп тогаш и Прилеп сега. Тоа се различни времиња на иста душа.
Пилоски е добитник на повеќе локални, државни и меѓународни награди. Носител е на плакета “Трети ноември”, на фестивалот “Браќа Манаки” е добитник на “Камера 300” и ,,златна камера 300”, на фестивалот во Пожега, Хрватска е добитник на награда златна плакета “Уника Медал” за едноминутен филм , влезен во најдобрите 20 филмови од светот на УНИКА за 2018 година, и добитник е на награда за “Најдобра монтажа” на државниот натпревар за 2015 и 2020 година. 2020 на”… Манаки” во Битола, добитник на специјална награда за зачувување на трајни вредности за филмот Тишина. 2020 на државниот фестивал за непрофесионален филм освои златна плакета за камера и златна плакета за монтажа.
Креациите се гледаат на https://www.facebook.com/fanprodukcija zoran.pilata
![]()

