Јакнење на меѓународното присуство и развој на нови деловни соработки
Витаминка и годинава е дел од саемот ИСМ во Келн, каде се претставува со целокупниот асортиман пред меѓународната стручна и деловна јавност, продолжувајќи ја традицијата на учество на овој престижен саем 12 години. Учеството се третира како стратешка платформа за јакнење на извозното присуство, со фокус на продлабочување на постојните партнерства и воспоставување нови контакти со потенцијални дистрибутери на глобално ниво.

– Саемот ИСМ е од големо значење, затоа што е најголема светска манифестација специјализирана за кондиторија и посебно одговара за нашиот сектор. Витаминка е редовен изложувач. Во досегашното искуство сме се увериле во придобивките и реалните резултати. Секогаш настапуваме високо репрезентативно и со нашата разновидна, богата и квалитетна понуда. На тој начин често обезбедуваме успешно пробивање до светските пазари – вели Илија Наумоски, помошник оперативен директор на Витаминка.
Во фокус на годинашното издание се актуелните технолошки иновации и трендови во кондиторската индустрија, со акцент на потребите на потрошувачите и на развој на производи што одговараат на современите пазарни очекувања.
Со над 1600 изложувачи од 70 земји, ИСМ обезбедува релевантен деловен контекст и широк преглед на тековните случувања во секторот, што го прави особено значаен за компании со извозна ориентација и амбиција за раст на меѓународните пазари.
![]()

