Фудбал: Победа
Никој не се сеќава кога Фудбалскиот клуб Победа бил во потешка ситуација отколку што е сега, оваа зима. Имено, до заклучувањето на бројов, клубот нема никакви активности, како да не постои. Управата не дава информации, исто како да не постои, Стручниот штаб исто како да не постои – нема закажано прв собир, нема информација дека е избран нов главен тренер, а и играчкиот кадар како да го нема, нема одржано ниту еден заеднички тренинг ниту одиграно некој пријателски меч. Сето ова што сега го нема, секоја претходна година го имаше. Дури и минатогодишното лето, во паузата, се одржаа т.н. подготовки, низ тренинзи, иако не се одигра ниеден пријателски дуел. Значи, од оваа сегашна ситуација потешка нема.
Поради сето ова беа закажани протестни собири на клупските приврзаници, во вторникот и во средата, за на тој начин да се предизвикаат промени на подобро.
Потсетуваме, пролетниот дел од Втората лига почнува рано, на 21 февруари, дома со Новаци.
![]()

