Савона е град во северозападна Италија во џеновскиот залив на вливот на реката Имперо во Тиренското море. Над него се извишуваат Лигуриските алпи.
Градот е автентичен, пристаниште од каде на крстарење се упатуваат и пристигнуваат бројни крузери. Одморалиштето нуди богатство од атракции малку поразлична од другите приморски градови. При “запознавањето” ја топли душата и ги плени сите сетила.

Има многу што да се види, од историја, култура, медитерантска убавина… Фокус се средновековните и ренесанси знаменитости. Пленат преубавите плажи. Градот е приказна, врежана во времето, во која се преплетуваат минатото и сегашноста. Со прошетка се открива целата историја. Се дознава дека придонес дале папата Сикст 14, Јулиј 2, Џузепе Манцини, дури и поранешниот претседател на Италија, Сандро Пертини.

Симболот е кулата Торета, посветена на истражувачот, Панкалдо. Изградена е во близина на пристаништето. Туристичката улица е преполна со продавници и ресторани. Се минува под сводовите на палатата Павони. На плоштадот Мамели е споменикот на загинатите. Во 16 часот се слуша камбаната, која чука во чест на загинатите. Низ улицата се стигнува до тврдината Приамар од 16 век. Некогаш била затвор. Оттука се раширил градот и морето како глетка за “милион долари”. Можно е да се ужива во содржините на музеите во тврдината.

Низ уличките, се наидува на катедралата Санта Марија Асунта. Тоа е барокна градба со импресивна внатрешна орнаментика и дрвени клупи. Како и Сикстинската капела, од 15 век со оригинални фрески, пожлено е да се види градскиот пазар со полнење на очите со свежината и боите на локалните намирници. Пожелно е да се наѕре во Музејот на керамиката со дела од ренесансата до модерното време.
Најголем дел од престојот се користи на плоштадот Меркато. Таму е срцето на италијанската кујна. Може да се дегустирате инота (вид на портокал) карактеристичен за овој дел. Брзо минува времето во Савона.
Текст и фото Каролина Мицевска
![]()

