СО ПОМОШ ДО ПОВЕЌЕ РАБОТНИ МЕСТА

Заменик – министерот за економија, Марјан Ристески смета дека по два месеца се очекуваат ефектите од Законот за работно ангажирање лица, кој стапи во сила со почетокот на годинава. Најави кампања за бенефитите во сите градови.

– Законот за работно ангажирање лица е за сузбивање на сивата економија. Опфатени се три дејности: угостителството, земјоделството и услужните дејности и очекуваме да бидат опфатени околу 15.000 лица – вели Марјан Ристески, заменик министерот за економија.

Годинава е зголемен младинскиот додаток од 3.000 на 5.000 денари за млади до 23 години ангажирани во производните дејности.

Според Ристески, Оперативниот план за вработување, главно млади лица, дал одлични резултати, а годинава стартува порано, од март и повеќе пари се насочуваат во поатрактивните дејности. Најави дека повеќекратно ќе се зголемат казните за трговците кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики за да има уште поголема контрола на цените.

Loading