Фудбал: Големо Коњари
Близу две недели се зимските подготовки на второлигашот Големо Коњари. Шеф на Стручниот штаб и натаму е Јовица Блажески од Македонски Брод, а негов асистент честопати е Зоран Даноски – Шукер, играчот со богата кариера во странство. Тој, всушност, на располагање е и сега ако притреба да биде играч. Тренинзите се на игралиште и в сала, плус три-четири пријателски мечеви. Првиот е одигран на гости кај второлигашот Новаци, каде домаќинот победи со 3:0, а во план се уште неколку, како со Преспа во Ресен в недела.
Заминати се: Антонио Шемкоски во Кожуф, Виктор Тошески во Црвена ѕвезда Сенокос, Мартин Богески во Младост Кривогаштани и Амил Табаковиќ. Дојдени се: Христијан Сркески (Преспа Ресен), Игор Паноски (Ултрас) Мустафа Селманоски (Бугарија) и Ѓорѓи Стрезоски (Питу Гули, Крушево), а најавени се уште.
Во врска со првенството, упатено е барање до ФФМ мечевите дома да се играат во недела, наместо досега во сабота.
![]()

