Ракомет
Здружението на ракометни судии на Македонија, преку Стручната комисија, објавува повик за пријавување на нови ракометни судии. Критериуми/услови: наполнети 16 години, да играле ракомет или да имаат основно познавање на играта, да го сакаат ракометот и да имаат желба да бидат дел од спортот, со добри комуникациски вештини и способност за работа во тим, одговорност, дисциплина и интегритет (фер-плеј и почитување правила), подготвеност за обука/семинари и тестирања, добра психофизичка подготвеност, спремност за судење натпревари според распоред (викенди/термини по номинација). Пријавувањето е преку испраќање куса биографија до РФМ, а рокот е до 15 февруари.
Во меѓувреме екипите мислат на пролетниот дел: машката екипа Прилеп во Супер лигата одигра на гости во Охрид во средата, дома со Тиквеш е на 11 февруари, додека женската Деспина со Шампион во Скопје е на 21 февруари.
![]()

