Кошарка
Претходниот викенд, со 14. коло (Мега баскет – Младинец Скопје 118:84), заврши првиот дел од Првата лига на Македонија во кошарка за мажи. Согласно со системот, најдобрите осум екипи од првиот дел формираат нова натпреварувачка група, во т.н. плејоф. Таму се првопласираните четири екипи од А-групата (Вардар од Скопје, Мега баскет од Прилеп, Водно санс од Скопје и Охрид) и уште четирите најдобри од Б-групата (Струмица ФМП, Бутел од Скопје, Соколи од Штип и Борец од Велес). Тие се борат за првото место – пласман во највисокиот ранг, Суперлигата. Всушност, борбата е почната од есеноска, бидејќи ги пренесуваат бодовите освоени во меѓусебните дуели во таа прва фаза, а од сега (викендов) па до 5 април ќе одиграат уште по осум меча, против екипите од спротивната натпреварувачка група (двокружно, секој со секого).
Екипата Мега баскет го има следниот редослед: дома со Бутел викендов, потоа со Соколи во Штип, па дома со Струмица, на гости со Борец во Велес, па на гости со Бутел во Скопје, дома со Соколи, на гости кај Струмица и дома со Борец.
Табела: Вардар и Мега баскет по 10, Струмица ФМП, Бутел, Соколи и Борец баскет по 9, Охрид и Водно санс по 8 бода.
![]()

