ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (322) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Откако завршија со историската расправа во црквата луѓето си отидоја дома да го руча богатиот божикни ручек. Луѓето излегоја на средселото на маалото, снегова покривка при облачното време за да се видат и развеселат од музиката на свирачите Нацко, Симон и Петре тапанџијата.

Сепак кај постарите луѓе присутни на средселото мислата со настанот на болниот 83 годишниот Котески Илија. Се имаше организирано од кај средселото, во групи одеа за да го посетат за неговата здравствена состојба која била неизвесна во тоа време, лоша, према кажувањето на посетителите лоша. Тешко за да преживее.

Тој е историска личност, поради имал во себе храброст на ѕверот бего Амдија му е украде таа негова безобразна мазга која трчаше по луѓето и ги касала, а бегова гордост, па затоа преку Толе Паша била пратена во мегленско зад Кајмакчалан. Додека киднаперите Илија, Мојсо и Ристе за да не бидат откриени заминале во Америка. Илија по капитулацијата на турската османска империја во 1912 година во 1913 година се вратил во Македонија во Марул за да прави македонска држава, но без успех.

Уште еден марулски маж како Илија е и Цветко Џелин, фамилијарно момок кај бегот Амдија Лазески. Затова што успеал животно да го понижи бегот со овој случај. Анамата Нурија на бегот Амдија се разболела, Амдија во ноќта го повикал Цветко, ја спрегнале запрежната биволска кола, ја качиле анамата во колата, ја завиле со повеќе покривки и тргнал Цветко да ја носи кај Еќимот во Прилеп. Додека бегот Амдија ќе оди покасно со коњот, ќе ги стигне по патот.

Кога дошле до сињорот марулски – штавички ја застанал Цветко колата, го потпрел остено на јаремо пред биволите и шепнал на болната анама да волкот е пред колата, таа се исплашила, леле Цветко, ќе не изеди мажи, а не таа да го стори, но сум слушал од постарите ако двајца биле заедно, бегал и палежниот волк. Анамата рекла, да си ги спасиме душите, да го направиле тоа Цветко и рекол, анаме веќе го нема волко. Цветко го зел остено, ги потерал биволите надолу према местото Метилавка во штавичкото, анамата го прашала Цветко да не има и друг волк. Цветко одговорил, не анке, сега е зора, наутро волко бега од луѓето. Анамата му одговорила, ништо не ме боли, сум здрава, сакам да се вратиме дома во Марул.

Цветко е послушал анамата, се вратиле назад за дома во Марул. Кога дошле подсело кај Падарница, Амдија го спремал коњот за да оди за Прилеп кај Екимо, но случајно ја видел колата и се стаписал, анамата моја е умрена, боднал со коњот и ги пречелак. Абе Цветко, ти го умре мојата жена. Не ага, жива е и му рече дека е здрава, сака да се вратиме и јас ја послушав.

Таа весела, насмеана станала во колата и му рекла на мажот Амдија да е здрава, најздрава затова се вратиле. Амдија рекол весело, браво бре Цветко, ти си Еќим и оздраве мојот жена, и од таа случка Цветко го добил прекаро Еќим. На сите алаџа средби на средселото меѓу машкиот пол спомнат беше Цветко Еќимо, кој покасно е иселен во с. Беровци. Додека неговиот брат Петко Џелин е иселен во с. Ерековци каде што била петковата куќа во Марул, местото се вика Петкова куќа.

Продолжува

Loading