За директорка на ЈОУДГ „Наша иднина” – Прилеп е именувана Билјана Петкоска, дипломиран воспитувач, со повеќе од 20 години работно искуство. За директор на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови, во чиј состав е јавниот градски превоз и паркинг-просторот именуван е Игор Неделкоски, дипломиран сообраќаен инженер со 16 годишно работно искуство во приватниот сектор.
Кадровските промени се направени со цел продолжување на професионалниот пристап, јакнење на стручноста, стабилно и транспарентно работење, како и градење поголема доверба кај граѓаните.
![]()

