Тренинзи и в сала

Фудбал: Големо Коњари

Веќе близу една недела се одвиваат зимските подготовки на второлигашот Големо Коњари. Прво тренинзите се одвиваа на отворено игралиште, но поради времето и работата двапати неделно, се преселија в сала. Закажан е првиот контролен, пријателски меч, за в недела со второлигашот Новаци, на негов терен.

Во преодниот рок, заминати од клубот се: Антонио Шемкоски во Кожуф Гевгелија, Виктор Тошески во Црвена ѕвезда Сенокос и Мартин Богески во Младост Кривогаштани. Дојдени се нови играчи: голманот Христијан Сркески (Преспа Ресен), одбранбениот Игор Паноски (Ултрас Прилеп) и напаѓачот Мустафа Селманоски (Бугарија), 

Тренеротефот на Стручниот штаб од Македонски Брод Јовица Блажески (со А-лиценца) и натаму е шеф на Стручниот штаб, веројатно до крајот на сезонава.

Трибини околу игралиштето во Г. Коњари се градат нови, за 300 гледачи.

Loading