Утревечер во 19 часот во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи стенд ап спектакл -две претстави во една вечер по цена од една претстава. Ќе може да се гледа “Брзо, викај полиција” со лудите Миле Џандарот и Гиле Гилиптерот, како и хитот на вечерта ЕРРОР 404 со Жарко Јовановиќ.
Станува збор за урнебесна комедија. Миле Џандар е полицаец од стар ков кој се решава во име на законот, државата и пендрекот! Гиле Гилиптер е класичен македонски мативода, и шмекер и лажго, и бизнисмен и преварант. Жарко Јовановиќ го нуди шоуто ЕРРОР 404. Која е нашата фабричка грешка? Кај и да се стисне сé е “ЕРРОР”, Држава во ЕРРОР, Жаре во ЕРРОР, вропа во ЕРРОР. Како е да се живее животот во ЕРРОР. Жарко, познат по неговите имитации.
![]()

