Фудбал: Победа
Второлигашот Победа е во тешка ситуација, а предлог за излез е клупските акции од акционерите итно да се вратат кај Општината Прилеп.
– Акционери сме, како што се д-р Гоце Ингилизов и Благоја Гешоски. Уште кај претходниот градоначалник кажавме дека немаме интерес да го работиме клубот во такви услови. Се нафатија други луѓе, но и тие не можат да излезат сами на крај. Дефинитивно, без помош на државата, без помош на Локалната самоуправа, спортски клуб во Македонија многу тешко може да се одржува. Така, Вардар, Пелистер, Тиквеш и ред други клубови сите се покриени од државата, државата стои зад нив, додека приватен капитал многу тешко ќе застане во нерасчистени услови. Уште пред шест месеци спонзорот од САД се повлече, а никој не му помогна на клубот – вели Сашко Попоски од Скопје, член на Управата, чија сопруга Јана е мнозински сопственик на 70 насто од клупските акции.
– Потпишавме договор, ги откупивме акциите, но не ги очекувавме тие долгови. Кога ги откупивме акциите, добивме пристап до книгите и видовме тоа што не ни се допаѓа – висината на долговите. Нека повели кој е следен да ги земе акциите. Со помош на државата и на градот може да се успее – додава тој.
Вели дека не очекувале толку долгови, а што се однесува до акциите, порачува:
– Ингилизов нека ги врати 20 насто, Гешоски нека ги врати 30 насто, а ние ќе вратиме 21 насто, за Општината да има мнозински пакет од 51 насто како што е кај ФК Тиквеш на пример.
![]()

