ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (321) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Гулабоски Стеванов Огне загинал како српски војник во октомври 1915 година во Елбасан, Албанија, татко на четири деца Трајче, Најдо, Новаче, Младен, жената Магда, вдовица.

Стеваноски Огнев Трајче, октомври 1915 година, српски војник загинал заедно со својот татко Огне во град Елбасан, Албанија неоженет. Како оштета за Огне и Трајче од српските власти доби куќна и обработлива земја бесплатно, дел од чифлигот од бегот Утоски Амдија каде Стевановци, биле дотогаш момци кај бегот Амдија.

1.Здравески Јошев Крсте Галабаро женет за Степаноска Мара од с. Лопатица, прилепско ранет на Фронто бил бугарски војник пуштен на домашно лекување, умрел дома, ги оставил жената Мара вдовица и детето Стојан, умрел во 1917 година.

2.Јанкоски Ѓорчецв Трајан, бугарски војник женет за Јованоска Митрева Сребра пред три месеци враќајќи се од распуштениот фронт со својот прв брачед од тетка му Велика, сестра на Ѓорче Павле Плускач од Штавица во синорот од с. Црничани нагазиле на мина, експлодирала, ги разнесла на парчиња, 10 ноември 1918 година, Сребра Јованоска Курелоска останала млада вдовица.

3.Колески Бошев Марко оженет за Јованоска Ѓорчева Грозда Курелоска бил бугарски војник, зафинал во Битола во 1916 година кога француските авиониц ја бомбардирале Битола, Марко ја оставил жената Грозда вдовица и трите деца Спасе, Анѓеле и Цветанка, сирачиња.

4.Јованоски Ѓорчев Анѓеле Курела женет за Атанасоска Стојчева Петра Танеска во бракот има две деца Мара и Димитрија. Анѓеле отслужил воен рок во три армии во 1908 во турскиот аскер, од 1913 до 1915 во српската војска, од 1915 година до неговото загинување на денот Велигден во Добро Поле 1917 година бил бугарски војник, ја оставил жената Петра вдовица и децата Мара и Димитрија.

5.Кормак Маковецо Тале домазет во Марул за Гулабоска Николева Мара со која има три деца Василка, Благуна, Крста. Тале бугарски војник тешко ранет на Фронто, пуштен на домашно лекување, умрел дома во 1917 година.

6.Ристески Јованов Стојан Мурџески оженет 1918 година за Павлеска Петрева Трајанка.

Во почетокот на номеври 1918 година заврши Првата Светска војна, шеттите човечки и материјални биле големи. Скоро секоја куќа била оштетена. Но, животот мора да продолжи.

Сите преживеани останале и понатака да живеат како дотогаш и пред војната. Мемишица продолжила да живее во заеедница со Колевци. Со исклучок на тројцата Јоноски браќа Митре, Ѓорче и Тале живееле во заедница како момци кај бегот Тефик Утоски во Средно Маало. Митре, најстариот брат како напреџија во куќата имал башкалак 40 овци , братот втор Ѓорче иам седум деца за аргати кај бегот и тој со жената Велика деветмина аргати, немал ниту една овца башкалак. Третиот брат Тале бил овчар кај бегот имал 60 овци башкалак. Тале умрел уште кога биле браќата во заедница, неговата жена Митра Писокалката ги продала овците, ги задржала парите при себе, штотуку завршила војната, го купила куќното место, а беговите Цоцовци и се преселила таму, денес Тодороска. Старите стално е спомнува нивната братска заедница и веза Јованоска Митрева Темјана Курелоска со која има две деца, Видан и Блаже. Стојан гугарски војник ранет на фронто е пуштен на домашно лекување. Стојан му подлегнал н араните, умрел дома кај Мурџевци, ја оставил жената Темјана вдовица со две деца сирачиња во 1917 година, по кратко време умрела и мајката Темјана во истата година децата Видан и Блаже останале сирачиња без двата родители.

Танески Ристев Велјан, бугарски војник бил тешко ранет на Фронто, бива пуштен на домашно лекување, не издржал на добиените рани, умрел дома во 1918 година. Велјан бил женет за Мицоска Божна од с. Штавица кои во брак има две деца, Ордан и Димко. Но, женава и мајкава Божна починала при крајот во 1913 година. Сирачињава Ордан и Димко до нивната женидба биле згрижени од стрикото Стојан и стрината Анѓа Танески. Велат, брат брата не рани, тешко тој што го нема, ама вака тешко тој што го има.

Родени во Марул од 1915 до 1918 година:

Во 1915г: Митрески Ристев Степан Мурџески, Новаческа Димитријева Таса.

Во 1916г. во Марул немало родено дете. Женет Јованоски Талев Тодор Курела за Цвета Перкоска од с. Алинци, прилепско.

Во 1917г. Атанасоска Ризова Цветанка Танеска, Дамјаноски Дамјанов Никола. Јованоска Тодорица Цвета го изгубилал бебето.

Малиот Ќазим самиот себе си наречен Ќазим Каурино за секое Ќазим прв седнувал до дедото Стојан и барал од него да му дели поубав дел од јадењето, поготово барал поголемо свинско месо.

Во 1919 година било повесело. Се направиле пет свадби. Се ожениле Атанасоски Мице Танески за Џобеска Митра од с. М. Рувци. Атанасоски Трајан Танески се оженил за Чакмакоскак Менка од с. Мало Рувци. Јованоска Петра Курелоска се омажила кај чукалевци во с. Клепач. Колеска Сребра се омажила во с. Алинци, прилепско. Новаческа Виша се омажила кај Муловци во с. Мало Рувци. Исто така, се родиле повеќе деца. Јованоски Лазар, Павлески Трајанов Јованче, Петрески Цветанов Богоја Мурџески, Ризоски Колев Борис, Стеваноски Најдов Трајче, Василоска Стојанова Цвета, Колеска Богојева Кита, Петрески Богоја и Стеваноски Трајче умреле мали.

Салијоска Мемишица живеела во заедница со Колевци до 1924 година кога Салијовци темелито, фамилијарно се иселиле во Турција. Казим во неговите возрасни години, три пати го посетуваше родниот крај с. Марул и неговите бивши другари и се што е марулско од срце, велел тој. Марулските раскажувачи и слушатели во трпезаријата од црквата ги фати пладнинското зимско време. Позагрејани од напитокот и залебени од задушницата затова не му се брзаше. Беа присустни следните лица во таа дискусија:

Атанасоски Јован Танески 1926;

Атанасоски Трајан Танески 1895;

Анѓелески Илија Малинкоски Кадијата 1898;

Анѓелески Живко Стеваноски 1930;

Дамјаноски Дамјанов Ристе 1914;

Јованоски Димитрија Курелоски 1912;

Јованоски Јован Курелсоки 1891;

Јовчески Ристе Велјаноски 1888;

Јовчески Ристев Ванѓел 1912;

Велјаноски Ристе Благоја 1923;

Јошески Божин Котески 1873;

Јошески Петре Николоски 1903;

Мојсоски Веле Котески 1908;

Мојсоски Кире Колески 1910;

Мојсоски Стојко Колески 1891;

Павлески Трајан Јоноски 1891;

Павлески Ванчо Петрески 1909;

Петрески Петре Бабјак 1902;

Петрески Ванѓел Бабјак 1906;

Ристески Цветан Мурџески 1897;

Ристески Јованче Мурџески 1908;

Ристески Крсте Танески 1903;

Ристески Ордан Танески 1908;

Ристески Димко Танески 1919;

Ристески Петре Јанкоски 1898;

Ристески Јованоски Крсте Јанкоски 1898;

Јованоски Илија Курела Крушка 1885.   

Продолжува

Loading