Кошарка
Уште трае борбата на прилепскиот тим Мега баскет за првото место во Првата кошаркарска лига на Македонија за мажи. Во 12. коло дербито во Охрид им припадна на екипата од Прилеп, Охрид – Мега баскет 64:81. Ова се значајни два бода. Во доминацијата на гостите придонес имаат: Владимир Враниќ со 35 поени, Александар Јовановски со 14, Роберт Димитриевски со 12. Сега на табелата прилепскиот тим е на чело со 20 бода, пред скопски Вардар со 18 и меч помалку.
Табела по 13. коло: Мега баскет 20, Вардар 18, Охрид 17, Водно санс 16, Црн Дрим 14, Тетекс 13, Младинец 10.
Следното 13 .коло беше слободно за прилепчаните, а во 14. коло (сабота, 18 часот) е мечот дома во ОУ “Добре Јованоски” со Младинец од Скопје.
![]()

