Француски град Марсеј без причина е потценуван, бидејќи кога ќе се спомне Франција секогаш се алузијата е на Париз, Ница и Кан. Марсеј, како еден од најстарите градов изобилува со богата историја, традиција и култура. Најчесто се посетува доколку се крстари со некој крузер по Средоземното море.

Тој е жив и космополитски. Сосемапоинаков од другите. Привлекува различното архитектонско наследство. Бил мост меѓу Европа и северна Африка. Прошетката открива различности, стилови, однесување.

Катедралата Де ла Мајор е импресивна не само со големината, туку и со изгледот. Градена е од камен од различни краеви на светот, вклучувајќи го и зелениот од Фиренца. И внатрешно црквата плени со својата убавина. МУЦЕМ е музејот на европската и модерната цивилизација во впечатлива модерна зграда поврзано со старата тврдина, кренат на брегот. Покрај морето, кај старото пристаниште, се закотвени помали бродови. Горе на ридот, на 150 метри над морето, грандиозно се издигнува базиликата Нотр Дам де ла Гарде од 19 век. Таа е симбол на Марсеј. Оттука се нуди фантастичен поглед на целиот град и на околината со островчето каде бил затворен грофот Монте Кристо. Без пешачење од 30 минути, за 11 евра води симпатично туристичко вовче.

Пешки се доаѓа до живописните улици на другиот крај, кај Лонгшамп Палатата. Тоа е импресивна градба, во чии згради се Музејот на уметноста и Музејот на природата, а зад неа парк небаре цветна градина со грандиозни скулптури од кои тече вода. Не само во пролет и во лето, овој дел е фантазија. А музеите се приказна која треба да се доживее и види.

Срцето на стариот дел Ла Пание, со тесни улички, уметнички галерии, кафулиња, места за о релаксација. Околината и старото пристаниште се окупирана од угостители со познати ресторани и специјалитети со вкусови од кои се лижат прстите сп поглед на старото пристаниште.
Марсеј на пристаниште кое е марак за истражување, иако врне ситен дожд. Познат е по тоа што во 1934 година бил извршен атентант на кралот Александар Први Караѓорѓевиќ. Има и споменик посветен на убиениот крал, како и камена плоча во близина на старото пристаниште.
Морската кујна мами со аромите и зачините на рибните специјалитети. Грев е да не се вкусат, без разлика на цените. Прво се проба рибината чорба, “зачинета” со многу видови на морски плодови. Специјалитет е и уличната храна, пржени стапчиња со брашно од леблебија. Тука е и традиционалниот колач во форма на чамец со вкус на портокол. Ох, воздивнуваат сите сетила. Сето тоа на крај се залева со розе вино, кое е одлично со храната со медитерански вкус.
Брзо минува “средбата” со Марсеј.
Текст и фото Каролина Мицевска
![]()

