Фудбал: Бивш член на Победа
Преку спортот се афирмира не само поединецот, ами и група, град, држава… Пример е фудбалерот Салим Арифи, поранешниот член на Победа. Ја има улогата на спортски амбасадор, бидејќи премина во ФК Митровица, во Косово. Со неговото јавување таму, предизвикал масовно да се зборува за прилепска Победа. Всушност, повозрасните фудбалски љубители ги вратиле спомените за дерби-мечевите од некогашната Втора југословенска лига, Трепча (Митровица) – Победа (Прилеп) од 80-те, 70-те години на минатиот век, мечеви пред полни трибини. Колку значи еден спортски амбасадор, на кој треба да му се оддаде заслужено признание. Таму прилепчанецот и на 18 години е најдобар голгетер не само во клубот, ами и во целата лига, со 13 гола. Има и три асистенции за голови.
По краток одмор во градов, сега пак е во Митровица на тренинзи.
![]()

