Балканска соработка на општините

Проданоски во Загреб

Градоначалникот Дејан Проданоски со претседателот на Советот Билјана Кржеска и советникот Игор Николоски, учествуваа на Самитот на мрежата на балкански градови – Б40 во Загреб. Со колегите од Балканот и претставници од регионот разговарано е за иднината и за улогата на локалната самоуправа, како двигател на развојот. Во фокусот беа промени во секојдневието како одржлив развој, паметни технологии, силна економска соработка меѓу градовите и дигитализација на општинските услуги.

– Средбата не беше само размена на идеи, туку и можност Прилеп јасно да се позиционира како модерен, отворен и европски град, подготвен да учи, да соработува и да создава нови можности за граѓаните – вели Проданоски.

Loading