АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кога народот ќе ги прочита политичарите, тие веднаш треба да си одат.

*

Надежта не смее да биде илузија.

*

Кога немаш обезбедено темели, не брзај да започнеш со градба на катовите.

*

Туѓите желби оставете им ги на тугинците.

*

Мислат за народот, само како да го премислат.

*

Секое дете треба да расте кротко и гордо.

*

Не посегнувај со долга рака, можеш да останеш без неа.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading