40 години група ЧОКАНЧЕ

Ретроспективна изложба на фотографии и слушачка промоција на албумите Чоканче 1и2 и “Апсолутно романтично” ќе се одржи вечерва од 18.30 часот во Ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”. Ќе се презентира развојниот пат од 40 години на групата Чоканче, чие прво појавување е на 12 март 1983 година, на Рок Парадата во киното Партизан во Битола, заедно со уште 13 локални  групи.

Со енергичен настап и природен  контакт со публиката, Чоканче веднаш се издвои промени рок сцената. Од 1986 година, групата настапува со авторски песни, снимани за Радио Битола и МРТ. Покрај прекините, групата е присутна повеќе од  четири децении, носејќи ја својата енергија.

Меѓу 1994-1995, во студиото на  Миодраг Неќак  снимен е двојниот албум Чоканче 1и2, издаден на касета и промовиран во Битола,  Штип и Скопје. Лани дел од песните беа реиздадени на винил, а наскоро ќе бидат достапни и на компакт диск.

Групата претрпуваше промени во составот, но остана верна на својот препознатлив звук.  Денес во Чоканче се Паљачо, Скрочо, Крчо, Ќебапо и Алеко.

Loading