Билката наречена ,,Златото на Богородица,, е лек за циркулација, црниот дроб и подобрување на видот. Името потекнува од христијанската традиција да се китат иконите на Дева Марија со цвеќиња од невен, кои симболизираат златници.
Според легендата, за време на бегството на Јосиф и Марија во Египет, светото семејство било прогонувано од крадци. Разбојниците ги стигнале и им ги зеле чантите од коипаднале цвеќиња од невен, наместо пари. Во народната медицина, екстрактот се користи како диуретик. Чајот лекува дијареја и грчеви во стомакот. Го подобрува доењето и ублажува ревматски болки. Сокот од свежо исцедени лисја лекува егзема.
Откриено е дека го подобрува здравјето на црниот дроб и бубрезите. При воспалителни процеси ја ублажуваат болката. Инфузиите од невен го подобруваат метаболизмот и го јакнат имунитетот. Во раната фаза на дијабетес, се нормализира нивото на шеќер во крвта. Цветовите содржат каротеноиди, за намалување на ризикот од развој на катаракта.
Невенот располага со лековити својства за зголемување на отпорноста од настинки и грип. Чајот го подобрува видот.
Од невенот се плети традиционалното венче, симбол на верноста. Момите го маѓепсаа саканиот, секогаш да им биде верен.
![]()

