Зимски духовен рај

Манастирот кај селото Лознани   

Манастирот на Свети Кирил и Методиј и Свети Ѓорѓи се наоѓа кај селото Лознани на околу 20 км. од Прилеп. Локацијата е само на неколку метри од древните урнатини на старата црква. Изградена е во 1990 г. од Бисера Димитровска. Таа раскажува дека една ноќ била разбудена од Мајка Богородица. И рекла да изгради манастир во близина на старата црква на Свети Кирил и Методиј.

По многу години градба и опремување, манастирот стана еден од најпознатите на Балканот, каде што жените доаѓаат да се молат, да пијат света вода од чешмата. Многу празници се негуваат, се одржуваат богослужби, литургии и многу други религиозни церемонии и собири.

Црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна и осумаголна купола со по една монофора на секоја од четирите страни со поголема површина. Градена е наизменично од камени и од црвени тули. Покриена е со ќерамиди. Влезот е на западната страна. Над него има две претсобја, од кои првото е полукружно и содржи фреска на Свети Кирил и Методиј, а второто е кружно со фреска на Богородица Марија. Северната и јужната страна од храмот содржат по една монофора. Внатрешноста е живописана. На крајниот лев дел од иконостасот се наоѓа икона на која се прикажани Светите Кирил и Методиј и Свети Ѓорѓи.

Камбанаријата е во дворот со квадратна основа со по две вертикални монофори на секоја страна. Изградена е од камен и цигли а покриена е со пирамидален покрив од ќерамиди. Камбанаријата ја красат голема икона на Исус Христос која гледа кон луѓето од црквата и прекрасната икона на Мајка Богородица, Христос и многу други светци.

Loading