Доаѓа бабата на Пеце на вечера. По некое време на маса и доаѓа малиот Петре и ја прашува:
– Бабо за кого јадеш ти?
– Како за кого?
За мене си јадам внучко.
– Зошто тато вика дека јадеш за тројца!
Се враќа мажот од службен пат и носи голем подарок за сопругата.
Во рацете го држи подарокот и не може да притисне на ѕвончето на влезната врата.
Се мачи да го допре, се мачи…
Поминува соседот крај него и му вели:
– Со роговите комшија. Со роговите!
![]()

