ЦК „Марко Цепенков” вечерва и утревечер од 19 часот во киното Мис Стон, ќе го прикажува филмот „Приказната за Силјан”. Влезници по цена од 150 денари с епродаваат на билетарницата од киното , денес од 10 до 12 часот и еден час пред проекцијата на филмот.
„Приказната за Силјан” е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Откупен е од страна на Натионал Геограпхиц.
-Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Никола, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата – велат од продукцијата на филмот.
Режисерка е Тамара Котевска (Хонеѕланд), кинематограф: Јеан Дакар, Монтажер: Мартин Иванов, Студио за тонска обработка: Александар Протиц / МИР МЕДИА, музиката е на Јое Њилсон Давиес и Хун Оукпарк (Ханс Зиммер Студио). Наративот е на Верица Недеска, Трифун Ситниковски и Суз Цоуртиз, додека протагонисти се Никола Цонев, Јана Цонева, Илина Цонева, Александар Цонев, Александра Цонева, Стојче Филипов, Иле Стојковски)
Филмот кој освои повеќе награди трае 80 минути.
![]()

